417
На синоќешниот протест пред Собранието против уставни измени беше интонирана македонската химна во интерпретација на оперскиот пејач, Игор Дурловски. Химната ечеше од звучниците иако Дурловски не присуствуваше на протестот, бидејќи е во домашен притвор како обвинет за настаните од 27 април.
Неговиот соборец кој е исто така обвинет, Богдан Илиевски, напиша на фејсбук дека интерпретацијата на Дурловски треба да биде официјална верзија на државата.
„Треба со закон да се усвои химната на Република Македонија во изведба на Игор Дурловски, да биде единствена официјална верзија на химната и да се пушта секогаш и насекаде, сега, секогаш и во вечни векови. Маестрално!“- напиша Бетмен Велит