Поранешниот претседател на Перу побара политички азил во Уругвај

by Fokus 08:56
08:56

Поранешниот претседател на Перу, Алан Гарсија побара политички азил во Уругвај неколку часа откако властите му забранија да ја напушти земјата додека се води истрага против него за корупција.

Гарсија во саботата навечер заминал во Амбасадата на Уругвај во главниот град Лима и поднел барање за азил „согласно Конвенцијата за дипломатски азил од 1954 година, на која Перу и Уругвај се земји потписнички“. Молбата „ќе му биде разгледана од Владата на Уругвај“, се наведува во соопштението на перуанското Министерство за надворешни работи.

- Advertisements -

Во саботата судот во перу му забрани на 69-годишниот Гарсија да ја напушти државата во следните 18 месеци додека против него се води истрага за земање поткуп во рамки на корупциски скандал, во кој е вмешана бразилската градежна компанија „Одебрехт“.

Гарсија, кој повеќе време живее во Шпанија, пристигна во Лима минатата недела, со цел да даде изјава пред обвинител, кој го одложи делото и побара да му биде забрането на поранешниот претседател да ја напушти земјата

Поврзани новости