Хилари Клинтон – првата жена во трка за претседател на САД

by fokus

За прв пат во историјата на САД, фаворит во трката за претседател е жена. Хилари Клинтон официјално беше избрана за кандидат за претседател на американските демократи. На партискиот конгрес во Филаделфија 68-годишната Клинтон доби апсолутно мнозинство гласови на делегатите.

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон ги повика демократите и американската јавност да гласаат за неговата сопруга Хилари во ноември, убедувајќи дека таа ќе направи САД да бидат посилна и подобра држава.

Поранешната прва дама како противкандидат за Белата куќа ќе го има републиканскиот кандидат, милијардерот Доналд Трамп.

Поврзани новости