Партиите отвораат пат за избори на 11 декември

by fokus 10:46
10:46

Откако на вчерашната средба, четирите политички партии ги договорија измените на законите за влада, за внатрешни работи, за медиумите и за Изборниот законик, до крајот на неделата истите треба да се изгласаат во Собрание и да стапат на сила.

Со ова, потписниците на Пржино ги затвораат и последните спорни точки од договорот и отвараат пат за избори на крајот од годината.

Ако се оди според договорот, на 31 август, ќе има формална лидерска средба, кога би требало да биде само констатирано дека условите за фер и демократски избори се исполнети и дека предремените парламентарни избори би требало да се одржат на 11 декември. Тогаш, Собранието би се распуштило на 10 октомври.

Околу законските измени пак, за преодна влада сто дена пред избори, ќе се менува Законот за Влада. Законот за внатрешни работи пак,  прво треба да се суспензира за една година, а на министерот за внатрешни во преодната влада, ќе му се дозволи да направи 15 смени во менаџерските структури на МВР и да смени 10 отсто од раководните лица по по хоризонтална линија.

Во петок треба да се изгласаат и измени во законот за медиуми и да се воведе петчленото ад-хок тело што го договорија партиите. Тоа ќе биде составено од партиски предлози, а треба да ги контролира објавите во медиумите 100 дена пред одржувањето на изборите.

 

Поврзани новости