Судија на претходна постапка во Кривичниот суд Скопје определи одземање на пасошот и повремено јавување во судот за поранешниот директор на Дирекцијата за технолошки-индустриски развојни зони (ТИРЗ) Јован Деспотовски. Мерките на претпазливост се изречени на барање на Основното јавно обвинителство, кое отворило предмет за евентуално злоупотреби на службената положба од Деспотовски додека бил директор со ТИРЗ.
Од Обвинителството претходно информираа дека водат предистрага за Јован Деспотовски,
поранешниот директор на Дирекција за ТИРЗ и долгогодишен член на СДСМ, поради што денеска до Кривичниот суд бил доставен предлог за одземање на неговиот пасош.
-Основното јавно обвинителство Скопје против наведеното лице води претходна постапка поради постоење на основано сомневање за сторено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување по член 353 од Кривичниот законик. Надлежен јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје денеска достави предлог за одземање на патна исправа и обврска за повремено јавување во Судот како мерки на претпазливост. Во предметот се уште се преземаат дејствија од страна на Основното јавно обвинителство Скопје и Управата за финансиска полиција. Со цел да не се наштети на постапката, двете институции координирано ќе ја информираат јавноста кога ќе се создадат услови за тоа, информираат од Обвинителството.