Либанската група Хезболах утринава ја презеде одговорноста за ракетниот и артилериски напад врз три локации во Израел, во областа позната како фарми Шебаа, за кои Либан тврди дека е окупирана од Израел.
Хезболах соопшти дека извршил напади во градовите Радар, Забдин и Рувајсат ал Алам.
Израел одговори на нападите. Израелските одбранбени сили утринава соопштија дека извршуваат артилериски напади во Либан по престрелката што се случи на израелска територија.
Портпаролот на израелските одбранбени сили рече дека пукањето се случило во областа на планината Дов, област на која положуваат право Израел, Либан и Сирија. Хезболах е шиитска исламистичка политичка, воена и социјална организација која поседува значителна моќ во Либан. Како и Хамас, тој е поддржан од главниот непријател на Израел, Иран.