Двајца сопружници од Велес добија кривична пријава откако 31-годишната сопруга се обидела по карго да му испрати хероин на 32-годишниот маж кој издржувал затворска казна во штипскиот затвор. Од МВР велат дека хероинот бил откриен и одземен од вработени во затворот.
„СВР Штип поднесе кривична пријава против С.Г.(31) и К.Г.(32), двајцата од Велес, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 02.03.2022 првопријавената С.Г., по претходен договор, преку карго пошта, во пакет заедно со други продукти му испратила хероин на нејзиниот сопруг, второпријавениот К.Г., кој бил на издржување казна затвор во Казнено-поправен дом Штип, а при извршен преглед од вработени во затворот хероинот бил откриен и одземен“, информираа од МВР.