Хелсиншки: спречување на мирен протест е кривично дело

by Фокус

Хелсиншкиот комитет објави соопштение за контра-протестот пред Уставниот суд: „Во моментов набљудувачи на Хелсиншкиот комитет присутни пред и околу зградата на Уставниот суд информираат дека таму се собрани стотици граѓани што се потпишуваат на списоци и на кои им се делат сендвичи и пијалоци. Очигледна е намерата на овие граѓани да го спречат или смеќаваат одржувањето на уредно пријавениот мирен јавен собир пред Уставниот суд во текот на денешниот и утрешниот ден.“

Хелсиншкиот комитет укажа дека „ваквиот вид на контра-протест на таа локација и во тој временски период е недозволив, а доколку биде спроведен граѓаните што во него учествуваат ризикуваат сторување на кривичното дело Спречување или смеќавање јавен собир од Член 155 од Кривичниот законик.“

Хелсиншкиот комитет упати повик до „сите граѓани што се повикани или своеволно упатени на контра-протест да се воздржат од ваквата активност и своето незадоволство да го искажат на друга локација од онаа пријавена за одржување на денешниот и утрешниот јавен собир“.

Хелсиншкиот комитет упати и апел до политичките партии да се воздржат од користење на говор на омраза на политичка или било која друга основа и да не ги користат граѓаните за нивните политички интереси и цели.

Поврзани новости