Јавноста и новинарите исклучени од утрешната седница на Уставниот Суд

by Фокус

Јавноста ќе биде исклучена од седницата на Уставниот суд на која ќе се рапсрава и ќе се гласа за оспорување на измените на Законот за помилување донесени во 2009 година, со што се отвора можност Судот да ги зголеми ингеренциите на Претседателот на државата и да може да помилува лица осудени за изборен криминал.

„Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 7-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 16.03.2016 година, со почеток во 09.00 часот – ЈАВНОСТА НА СЕДНИЦАТА Е ИСКЛУЧЕНА“, стои на соопштението објавено на веб страницата на Уставниот суд.

Седниците на Уставниот суд досега секогаш беа отворени за јавноста, освен гласањето кое е тајно.

Поврзани новости