Во мај 2015 година, Комитетот против тортура при Обединетите нации во Женева заклучи дека во последниве шест години Македонија генерално не постигнала напредок во областа на борбата против тортурата.
Препораките кои Обединетите нации ги испратија до нашата земја се однесуваат на злоупотребите од аферата „прислушување“, насилството меѓу затворениците и условите за живот во затворите, неказнивоста за кривичното дело тортура, условите за живот во прифатниот центар за странци во Гази Баба, насилството врз ЛГБТ заедницата, ромите и жените и трговија со луѓе, Народниот правобранител и Националниот превентивен механизам, законот за амнестија на „Хашките предмети“, здравствената заштита во затворените институции и компензацијата и рехабилитација на жртвите, се вели во извештајот на Хелсиншкиот комитет.