„Фокус“, Ставриќ и Заев се најдоа во извештајот на Стејт департментот за човекови права

by Фокус 11:29
11:29

Американскиот Стејт Департмент вчера го објави Годишниот извештај за почитување на човековите права во светот во 2014 година. Меѓу случаите што се споменуваат во извештајот се и процесот за офталмологот Дејан Ставриќ, пресудата за весникот „Фокус“, процесот и ослободувањето на Шиповиќ.

Според извештајот, политичкото мешање, неефикасноста, фаворитизмот кон добро поставени личности, долгите процеси, кршењето на правото на јавно судење и корупција се само дел од наведените примери. Во извештајот, исто така се споменуваат судските процеси против Мирослав Шиповиќ и Дејан Ставриќ. За очниот лекар се наведува дека го предводел штрајкот на лекарите, дека бил во притвор 22 дена, а потоа осуден за еден ден, што е необично брзо. За Шиповиќ се вели дека со неговиот глас опозицијата имала мнозинство во Општина Центар каде се сместени повеќето од новоизградените споменици и државни институции и дека тоа е една од четирите општини што ги раководи опозицијата.

- Advertisements -

Во делот за медиумите наведен е и случајот во кој весникот „Фокус“ му плати 9.300 евра на поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков. Се констатира дека постојат мислења дека Владата го користи статусот како алатка за да ги таргетира политичките противници. Тука се споменува и тужбата на Никола Груевски против лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Во извештајот се забележуваат реакциите на адвокатите на одбраната дека судот без образложение не дозволил да се изведат докази во полза на Заев.

Исто така, во извештајот се наведува дека во 2014 година новинарот Томислав Кежаровски се уште бил во домашен притвор, откако беше осуден поради откривање на идентитетот на заштитен сведок во случај на убиство, како и одлуката на Врховниот суд дека отстранувањето на новинарите од Собранието за време на инцидентот при изгласувањето на буџетот за 2013 година било извршено за нивна лична заштита и за враќање на редот во собраниската зграда.

 

 

 

 

 

Поврзани новости