Од Хелсиншкиот комитет за човекови права, по набљудувањата на работата на седниците на Уставниот суд од минатата година досега, заклучија дека поголемиот дел од уставните судии се под диктатот на извршната власт и со тоа ја деградираат и компромитираат работата на оваа иституција.
Работата на судот беше анализирана од пет главни аспекти: независноста, стручноста и непристрасноста на судиите, транспарентноста на судот и односот кон заштитата на човековите права и слободи.
-За жал, сите уставни судии не се истакнати правници и немаат доволно стручност за да бидат судии. Тие се честопати пристрасни, во зависност од тоа кој е подносител на иницијативата, односно против кого е насочено барањето. Уставниот суд се поеќе се затвара за јавноста и медиумите. Дополнително, институтот заштита на слободи и права не е ефективен правен лек во Македонија, а за да стигнете до Стразбур мора да поминете преку Уставниот суд, а тоа може доста да потрае и со тоа им се кршат правата на граѓаните- вели Воислав Стојановски од Хелсиншкиот комитет.
Освен тоа забележано е и намалување на довербата на граѓаните во Уставниот суд, со оглед на тоа што немаат пристап до основните информации.