Хелсиншки: Доколку редовното обвинителство беше професионално, немаше да се формира СЈО

by fokus

Хелсиншкиот комитет за човекови права денеска реагираше на вчерашното отворено писмо јавни обвинители од Основното јавно обвинителство- Скопје,  упатено до специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

-Хелсиншкиот комитет потсетува дека непостапувањето на редовното обвинителство што беше главна причина за основање на Специјалното јавно обвинителство. Доколку редовното обвинителство беше професионално, уживаше углед во јавноста, го почитуваше својот кодекс и имаше создадено клима на почитување на законите, немаше да се наметне потребата од основање на СЈО. Што се однесува до принципот на пресумпција на невиност, за волја на вистината, иако обвинителството има законска обврска јавно да го штити овој принцип (Член 8, став 3 од Законот за ЈО), тоа никогаш не се обратило до јавноста и покрај флагрантно кршење на овој принцип од страна на политички функционери и медиумите, велат од Хелсиншки комитет.

Хелсиншкиот комитет потсетува дека редовното јавно обвинителство е еден од најкритикуваните сегменти на македонското правосудство, а негативните оценки за неговата работа можат да се прочитаат во сите извештаи на меѓународни институции и организации што ја следат состојбата во правосудството, вклучително и во голем број на документи на Обединетите нации и Европската унија.

Поврзани новости