Уставниот суд во понеделник нема да одлучува ни за СЈО, ни за изборите

by fokus 14:08
14:08

Уставниот суд закажа седница за во понеделник, иако секогаш седници ги одржувал во среда. Ова се поврзува со тоа што во понеделник на 31 октомври и завршува мандатот на претседателката Елена Гошева, па ова ќе биде нејзин последен работен ден.

На дневниот ред на седницата на Уставниот суд во понеделник не се ставени ниту Иницијативата за испитување на уставноста на Специјалното јавно обвинителство, ниту Иницијативата за оценување на уставноста и на законитоста на решението на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, за распишување на предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември, што ја поднесе партијата „Унитети“.

- Advertisements -

 

Поврзани новости