Хелсиншки: Да престанат заканите врз средношколците

by Фокус

Хелсиншкиот комитет соопшти дека минатата недела била доставени голем број на барања за правна помош поради повреди на правата на младите и наставниците поради нивните активности во Средношколскиот и Наставничкиот пленум.

Комитетот истакнува дека е згрозен од притисоците врз средношколците кои ја бојкотираат наставата како што се: делење исписници, потпишување на изјави со сомнителна содржина, затворање на училишните сали, правење списоци за присуство и отсуство, закани со драконски парични казни и собирање на лични податоци за родителите, за да се врши дополнителен притисок за прекин на бојкотот на наставата.

Хелсиншки смета дека ваквите притисоци врз средношколците се спротивни на Уставот, но и на сите меѓународни стандарди за заштита на правото на слободно здружување, изразување и мирен протест.

„Уставот на РМ го гарантира правото на граѓаните, вклучително и децата мирно да се собираат и да изразуваат јавен протест. Користењето на ова право може да биде ограничено само во услови на воена и вонредна состојба. Во Конвенцијата за правата на децата, која Република Македонија ја има ратификувано и претставува дел од нашата правна рамка, ова право им се гарантира на децата во член 15 каде е наведено дека државите членки го признаваат правото на детето на слобода на здружување и слобода на мирно собирање“, стои во соопштението.

 

Поврзани новости