Хелсиншкиот комитет во вчерашното отворено писмо до Владата бара премиерот и министрите да ги повлечат нацрт-амандманите на Уставот.
– Уставот треба да остане акт кој ги гарантира слободите и правата на човекот и граѓанинот и кој ги поставува темелите на функционирањето на државата, а не акт кој ќе го руши суверенитетот на државата и кој ги претставува идеолошките заложби на актуелната владејачка партија. Неприфатлво е носење на крупни уставни измени без за тоа да постои соодветна стратегија и јасна цел. Според тоа, јавноста не само што не е запознаена со целите на уставните измени, туку не ѝ се познати ниту последиците и промените кои овие измени ќе ги имаат врз општествениот живот. Понатаму, кусите и неиздржани образложенија на Нацрт амандманите укажуваат на неодговорниот пристап на Владата при креирањето на најзначаните правни акти – велат од комитетот.
Хелсиншки ѝ ги достави на Владата своите забелешки, предлози и сугестии во врска со нацрт-амандманите.