Хелсиншкиот комитет во својот неделен извештај тврди дека меѓу бегалците веќе се забележани случаи на појава на шуга, за условите во кампот во Гевгелија и апелираат да се преземат итни мерки и координација меѓу надлежните институции за да се спречи ширењето заразни болести во кампот.
– Одржувањето на хигиената во кампот станува алармантен проблем, имајќи го предвид големиот број на бегалци кои во кампот престојуваат подолго време. Тие често и самите ги чистат шаторите. Личната хигиена на бегалците е исто така отежната, во недостиг на чисти алишта и можност за редовно бањање – тврдат од Хелсиншкиот комитет.
Според нив, алармантна е состојбата и во кампот во Куманово. Таму, поради недостиг од бањи во текот на неделата на бегалците им се даваа крпи и пластични кофи со цел да можат да ги бањаат децата и да ги исперат свoите алишта.