„Јас не продавам пиво, туку убави моменти и незаборавни искуства.“ се зборовите на Фреди Хајнекен, чија животна филозофија ја претвори семејната пиварница во глобално познат пивски бренд, кој годинава слави 150 години постоење.
За да го одбележи овој значаен јубилеј, Heineken ја лансираше својата најнова глобална маркетинг кампања, која на несекојдневен и духовит начин ги слави печатните грешки и неправилните изговори на неговото име, „погрешните“ начини на сервирање и уживање во него и, најважно од сѐ, убавите моменти и незаборавните искуства кои почнуваат со собиранка на ладно Heineken.
Ваквата кампања има за цел да демонстрира дека кога се во прашање таквите моменти во прашање, ништо не може да биде погрешно, ниту пак неточно, затоа што без разлика како го нарекуваш или како преферираш да уживаш во Heineken, она што е важно е дека заедно ги создавате таквите искуства.
И сѐ додека тоа е така, сеедно е дали го викаш: Анекен, Хаинекен, Хакинен или Хајнекен…
ПР текст