403
Кастриот Рамадани (39) им подлегна на повредите откако синоќа беше тешко ранет во кафеана во Приштина, во која беа повредени уште 16 лица.
Докторот Шаќир Ука од Клиниката за интензивна нега потврди дека се работи за 39-годишен маж.„
Еден од повредените почина синоќа. Се работи за 39-годишен маж. Беше на интензивна нега, му беше извршена хируршка интервенција, но за жал утрово почина од тешките повреди“, изјави Ука.
Во престрелката што се случи синоќа во кафуле во центарот на Приштина повредени се 16 лица, од кои четворица од огнено оружје. Повредените се на возраст од 20 до 39 години.
Како што пишува Коха, меѓу повредените има и деца.