478
Првиот човек на Демократската партија на Турција, Кенан Хасипи, смета дека несупешниот пуч е обид за насилно симнување на власта според сценарио смислено од надворешен фактор.
– Kраткотраен застој во однос на економијата е сосема очекуван, но ваквото брзо разрешување на ситуацијата нема битно да влјиае на македонско-турските односи – вели Хасипи.
Инаку, припадници на турското малцинство во Македонија веќе два дена преку мирни собири пред амбасадата во Скопје ја изразуваат својата солидарност со владата и турскиот народ.