523
Градот Харков е под контрола на вооружените сили на Украина, соопшти шефот на регионалната цивилна и воена управа на Харков, Олех Синегубов.
– Вооружените сили на Украина цврсто ја држат одбраната на Харков. Рускиот непријател не се ни обидува да спроведе активна офанзива, освен некое гранатирање на периферијата на градот. Според Штабот за одбрана на Харков, вооружените сили на Украина презеле целосна контрола врз градот, напиша тој на социјалните мрежи.
Според Синегубов, во градот не се регистрирани редовни непријателски трупи и диверзантско-извидувачки групи. Индивидуалните саботери брзо се идентификуваат и елиминираат. Денеска била приведена жена разузнавач поради собирање информации за воени објекти.