997
Обраќајќи се на нацијата за прв пат како избран потпретседател, Камала Харис им се заблагодари на американските гласачи и организатори.
На американскиот народ кој ја сочинува нашата прекрасна земја, ви благодарам што излеговте во рекорден број“, рече таа.
Знам дека времињата беа предизвикувачки. Особено последните неколку месеци. Тагата и болката, грижите и борбите, но ние исто така бевме сведоци на вашата храброст, вашата издржливост и дарежливоста на вашиот дух. Избравте надеж и единство, пристојност, наука и да, вистина. Го избравте Џо Бајден за следен претседател на Соединетите Американски Држави “, рече Харис.
Таа е прва жена, прва јужноазијка избрана за потпретседател на САД.