Хари Локвенец е нов директор на Железници Инфраструктура

by Фокус

Владата донесе одлуки за именување директори, в.д. директори и членови на управни одбори на повеќе јавни претпријатија и акционерски друштва во сопственост на Владата, членови на комисии, како и други кадровски прашања.

Владата му препорача на Управниот одбор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници да го именува за в.д. директор Хари Локвенец.

Бејназ Арифи е отповикан од должноста член на Надзорниот одбор на АД за приредување игри на среќа АД – Скопје, а за член на Надзорниот одбор предложен Скендер Мехмети.

Владата ја прифати оставката од Јасмина Делчева Диздаревиќ и ја разреши од должноста член на Националната комисија за учебници. Прифатена е оставката и од Дејан Ампев и тој е разреши од должноста в.д. заменик координатор на Национален координативен центар за гранично управување на негово барање.

Владата ја прифати оставката од Муса Ибраими и го разреши од должноста заменик на директорот на Агенцијата за катастар на недвижности. Во оваа институција, за нов директор е предложен Арбен Ќерими.

Владата ја прифати оставката од Зеќир Јакупоски и го разреши од должноста в.д. заменик на директорот во Центар за управување со кризи, а Екрем Зендели го именува за в.д. заменик на директорот.

За државен правобранител во Државното правобранителство за подрачјето на Кичево е именуван Назим Сулејмани, а за подрачјето на Скопје Авдил Јонузи. На Јованка Ѓорѓеска е утврден престанок на функцијата државен правобранител во Државното правобранителство за подрaчјето на Тетово, па Владата донесе Предлог Одлука за распишување Оглас.

Владата му препорача на Управниот одбор на Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта – Скопје, да ja избере Виолета Илиевска за в.д. заменик на директорот. Владата му препорача на Управниот одбор на Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „ЈАСЕН” – Скопје, да го именува за в.д. заменик директор Брахим Ајвази.

Поврзани новости