Премиерот на Косово Рамуш Харадинај му се заблагодари на бугарскиот премиер Бојко Борисов на „принципелниот став кон Косово“.
Харадинај му се заблагодари на Борисов за ставот кон Косово, и како што додаде, на неговото право да биде дел од европското семејство, пренесуваат приштинските медиуми.
Се наведува дека Харадинај оценил дека „одлуката домаќини на следната средба да бидат Бугарија и Македонија го прави уште позначаен Берлинскиот процес за западниот Балкан“.
-Косово е важен дел од овој процес и ќе биде со сојузниците како додадена вредност на интеграциите на регионот во ЕУ. Меѓусебното признавање со Србија во постоечките граници би ја отворила нашата перспектива. Силно ја поддржувам визијата на премиерот Биросв со сеопфатна Европа која го надминува менталитетот на минатиот век кој предизвикуваше трагедии. Без опфаќање на сите држави од западниот Балкан како дел од европското семејство, ЕУ не може да биде целосна“, напиша Харадинај на Фејсбук.
Премиерот на Бугарија Бојко Борисов изхави во петокот на конференција во Полска по средбата со премиерите од земјите од западниот Балкан дека Жосеп Борел како иден шеф на европската дипломатија би требало да го застапува ставот на цела ЕУ, без оглед што Шпанија не го признава Косово како независна држава.