Врховен во среда ќе одлучува по кој закон треба да постапува против судиите

by lali 14:59
14:59

Врховните судии во среда ќе одржат општа седница на која треба да заземат став за актуелните постапки за разрешување судии, вклучително и судии во Врховен, дали треба да важи стариот закон кој предвидува поригорозни мерки, или новиот.

Овој предлог, актуелниот претседател на Врховен, Јово Вангеловски веќе го постави на дневен ред пред своите колеги минатава недела, но за расправата немаше кворум. Имено, со новиот Закон за судии од 2019, судиите за кои е покренато барање за разрешување пред Судскиот совет може да поминат само со дисциплинска мерка, наместо како досега – директно да бидат разрешени.

Но, главната дилема е дали Врховните судии може да одлучуваат, со оглед на тоа дека за половина од нив веќе има постапки пред Судкито совет. Поранешниот претседател на Врховниот суд, Дане Илиев, очекува судиите да се иземат од гласање.

Во моментов постапки за разрешување се покрената за 9 од 18 врховни судии – тројца на чело со Вангеловски за притворот на Сеад Кочан, потоа уште четворица предложени за разрешување за бегството на обвинетите поранешни агенти на УБК,  Горан Грујевски и Никола Бошкоски, и две судијки за кои Ванегловски поднел иницијатива.

Но, Илиев се сомнева дека воопшто постапките против судиите се водат.

Инаку новата иницијатива пред Врховен ја поднесоа адвокатите Анита Бегова и Ѓорѓи Шајн.

 

Поврзани новости