Лидерот на Алијансата за иднината на Косово, поранешниот премиер, Рамуш Харадинај вели дека е време Европската Унија да му го предаде на претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден портфолиото за конечниот договор за меѓусебно признавање на Косово и Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во објава на неговата страница на Фејсбук, Харадинај ѝ оддава признание на ЕУ за досегашното просредување во преговорите меѓу Приштина и Белград и порачува дека „досегашниот дијалог не смее да избледне“.
– Спроведувањето на редот и законот во целата земја треба да се случи согласно Уставот и законите на Република Косово. Досегашниот дијалог не смее да избледнее и да се вратиме назад да зборуваме за истите теми. Америка овој пат му даде импулс на процесот воден од ЕУ и помогна и ги врати во нормала односите Косово – Србија… Сега е вистинскиот момент ЕУ да му го предаде на претседателот Бајден портфолиото за конечниот договор за меѓусебно признавање на Косово и Србија, напиша Харадинај.