Харадинај до Албанците во Македонија: Не му верувајте на измамникот Курти!

by Fokus

Претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, им порача на Албанците во Македонија дека не треба да му веруваат на „измамникот Албин Курти“, пренесува Косово онлајн.

Вака Харадинај реагираше на обраќањето на Курти при вчерашната посета на Тетово, каде рече дека патот Призрен – Тетово, како регионален проект, е многу важен и придонесува за развојот и на Косово и на Македонија.

Харадинај на Фејсбук изјави дека на Косово се блокирани сите патишта и проекти.

„Не му верувајте на измамникот Албин Курти. Сите патишта и проекти се блокирани во Косово. Бидејќи веќе не може да ги лаже граѓаните на Косово, дојде да ве излаже, зборувајќи за патот Тетово – Призрен. Истото го пробал и во Албанија, но не му поверувале и го избркале. Не потпаѓајте на неговите трикови“ – напиша Харадинај на Фејсбук.

Поврзани новости