1.2K
Дванаесет годишно дете вечерва загина пред зграда во невремето што го зафати Нови Сад. Се уште не се знае дали го удрило струја или гром. Пронајдено е покрај инсталациите.
Силното невреме кое го зафати Нови Сад предизвика огромни штети низ градот. Однесен е и дел од покрив на зграда во центарот на градот.
Силен ветер вечерва собори и кран во Нови Сад, кој од силината на невремето падна врз зграда.
На социјалните мрежи корисниците објавуваат видеа од невремето како тресе дрвја, сообраќајни знаци, превртува се што ќе му се најде на патот.
Припадници на Одделението за вонредни состојби на Србија спасија работничка во трафика во Нови Сад кој при невреме ја удри дрво. Дрвото целосно ја уништило трафиката, како и околните фрижидери.