96
Данскиот ракометар Микел Хансен (36) е новиот најдобар стрелец во историјата на европските првенства.
Со деветте гола што ги постигна во спектакуларното финале против Франција во Келн, стигна до бројката од 295 голови во кариерата на континенталните првенства.
Така за еден гол го престигна својот голем ривал и противник во нивното ново финале – Никола Карабатиќ (Франција).
За жал на Хансен, Карабатиќ се радуваше на новото европско злато до кое Французите стигнаа по продолженијата во Келн (33:31).
Предводникот на Данците го заврши мечот со девет гола – токму тоа му требаше за да го престигне францускиот ас на вечната листа.
Ова најверојатно беше последно Европско првенство во кариерата на Хансен.