Завршува лустрацијата

by Фокус

Завршува процесот на лустрација. Владејачките партии поднесоа предлог – закон до Собранието за престанување на важење на Законот за лустрација.

Со новиот предлог е оценето дека  работата на Комисијата за верификација на фактите завршува успешно и затоа се наметнала потребата за укинување на Законот за лустрација.

Законот се предвидува да важи од 1 септември. Нови лица за коишто постапката нема да заврши до 1 септември, нема да бидат лустрирани, додека пак оние кои што веќе добиле решение дека соработувале со странски служби, пет години нема да можат да извршуваат јавна функција.

Инаку процесот на лустрација во Македонија, според експертите од оваа област беше оценет како процес за политичка пресметка со неистомислениците. Многумина противници на власта беа лустрирани без доволно факти и докази. Уште одамна познавачите сметаат дека главната цел на лустрацијата не е постигната и дека во таа насока, ваква лустрација на Македонија воопшто не ѝ беше потребна.

Поврзани новости