Хан уште еднаш повтори дека на референдумот македонските граѓани ќе бираат меѓу ЕУ и изолација

by fokus

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, на маргините на состанокот на премиерите од Западен Балкан во албанскиот град Драч, денеска порача дека македонските граѓани треба да одлучат дали ќе се интегрираат во ЕУ или пак ќе се вратат во изолација.

Според него, се е во рацете на македонските граѓани кои треба да изберат или изолација, од која, како што рече, Македонија едвај се извлекла, или интеграција во ЕУ и повисок стандард.

Црногорскиот премиер Душко Марковиќ рече дека Подгорица го поздравува договорот меѓу Македонија и Грција, и оти тоа е голем настан, но и оти треба да се поддржи дијалогот Белград-Приштина.

Неформалниот состанок на премиерите од Западен Балкан заврши вечерва без присуство на шефовите на владите на Србија, Босна и Херцеговина и на Македонија. Поради лошите временски услови, владината делегација предводена од премиерот Зоран Заев изутрината не отпатува за Драч.

Поврзани новости