Мицкоски најавува нови протестни маршеви

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното интервју за телевизија Алфа најави нови протести, како дел од „Лето за Македонија“.

Следен ќе биде протестниот марш на втори септември во Кичево со почеток во 13 часот. Мицкоски истакна дека акцијата на ВМРО-ДПМНЕ, „Лето за Македонија“ во која веќе се посетени околу 50-тина илјади домаќинства продолжува и во наредниот месец.

-Сакам да потсетам дека некаде околу 50-тина илјади домаќинства веќе се посетени во рамките на нашата акција, „Лето за Македонија“ истата малку забавуваше во втората половина на август, објективно поради годишните одмори, истата ќе продолжи и со несмалена динамика сега и во септември. Исто така би сакал да ја искористам оваа прилика да ги поканам сите граѓани на Република Македонија кои што сакаат да го изразат своето незадоволство од политиките на СДСМ и Зоран Заев да ни се придружат на нашиот протестен митинг кој што ќе се одржи на 2 септември во Кичево со почеток од 13 часот, речи Мицкоски.

Поврзани новости