Комесарот за проширување Јоханес Хан иницира формирање на независно меѓународно тело кое ќе го проверува квалитетот на изборните листи пред одржувањето на изборите.
Бараме начин за формирање на независна и кредибилна структура на европско ниво која ќе може да го провери квалитетот на изборните листи пред денот на гласањето и која ќе даде зелено светло за кредибилноста на изборниот процес, изјави Комесарот Хан на брифинг со новинари кои известуваат за од односите на ЕУ со Западниот Балкан, а пренесе порталот Нова. Како што нагласил Хан, мисијата на ОБСЕ и ОДИХР своето мислење за изборниот процес го соопштуваат по денот на гласањето додека оваа нова структура која ја иницира комесарот Хан би можела да се изјасни за квалитетот на избирачките листи кои се во фокусот на вниманието пред денот на гласањето.
Прашан за детали околу тоа кој би го формирал и како тоа тело Хан рече дека во оваа фаза се разгледува идејата и се уште нема прецизни информации како би се составила таа структура и под чии надлежности би работела.