Состанокот само што почна, се надевам дека ова ќе биде добар ден за иднината на државата, напиша на Твитер еврокомесарот Јоханес Хан, кој има состаноци со преставниците на најголемите политички партии во земјава во цел да се најде решение за излез од политичката криза.
Едниот од нив, лидерот на СДСМ Зоран Заев, пред средбата не сакаше да говори за неговите очекувања од преговорите, иако, според него, логичните аргументи се на страната на опозицијата.
– Крајната цел се фер и демократски избори, кои може да се спроведат само со преодна влада без премиерот Никола Груевски за граѓаните по слободна волја да гласаат – рече Заев.
Лидерот на ДУИ Али Ахмети, пак, пред средбата се сретна со Ален Лероа, генерален секретар на Службата за надворешни работи и безбедносна политика на Европската Унија, на која, како што соопшти партијата, изразил надеж декасите лидери ќе го почитуваат договорот од 2 јуни во Скопје.