Хан: Претставници на ВМРО и на СДСМ ќе имаат средба со членови на европарламентот

by Фокус

 

Во наредните денови предвидени се контакти помеѓу соговорниците од двете главни партии на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, и со неколку членови на Европскиот Парламент – ова, еврокомесарот Јоханес Хан, го информирал лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во писмо преку кое му изразува благодарност за неодамнешната средба во Скопје.

„Се надевам дека ќе се одвиваат конструктивни разговори кои би можеле да обезбедат напредок. Сега државата треба да се соочи со оваа криза и на одговорен начин и демократски да ги реши политичките и правните импликации од оваа криза. Европската Унија има волја да ги поддржи напорите на партиите во овој процес“, му напишал Хан на Ахмети.

Поврзани новости