471
Наместо преку големиот плоштад пред зградата на ВМРО-ДПМНЕ, еврокомесарот Јоханес Хан стигнал во седиштето на владејачката партија преку подземните партиски гаражи, пренесе ПлусИнфо.
Пред неговото пристигнување, од партијата им забраниле влез на фотографите и снимателите, бидејќи „немале просторна можност за тоа”.
Еврокомесарот по средбата со Никола Груевски треба да излезе на прес конференција на која ќе ги каже своите заклучоци од средбите со четворицата лидери, специјалната јавна обвинителка и со граѓанскиот сектор и ќе ги испорача очекувањата за најавените предвремени парламентарни избори во декември.