Хан потврди дека пропаднале преговорите во Брисел

by Фокус

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на негевиот твитер профил потврди дека не е постигнат никаков договор по маратонската лидерска средба што денеска се одржуваше во Брисел меѓу претседателите на четирите најголеми политички партии.

Притоа, Хан изразува разочарување поради недостатокот на лидерско и одговорност кај некој од учесниците на преговорите.

Од Европската комисија, пак, соопштија дека сите страни инволвирани во преговорите, во интерес на државата и граѓаните, мора да најдат траен политички компромис без одложување, врз основа на договорот веќе постигнат во Скопје на 2 јуни.

 

Поврзани новости