Груевски и Заев меѓусебно се обвинуваат за неуспехот на преговорите

by Фокус

По завршувањето на неуспешните преговори за надминување на политичката криза во Брисел, политичките лидери Никола Груевски и Зоран Заев меѓусебно се обвинија за негативниот исход од денешната маратонска средба.

Од една страна, Груевски истакна дека поради Заев, кој дошол во Брисел да преговара но, според него, не и да се договори, државата ќе претрпи политичка и економска штета.

Наспроти тоа, Заев смета дека вината е кај Груевски кој, како што рече, не се откажува од позицијата да ја раководи владата што ќе ги спроведе следните избори.

Поврзани новости