Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, на неформалниот состанок на министри за европски прашања, организиран во рамките на Советот за општи работи на Европската Унија порача дека добрите вести за постигнатиот политички договор сега треба да се материјализираат преку целосна имплементација на договореното, без одлагање.
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Арбр Адеми пак, рече дека несомнено позитивен чекор во насока на смирување на политичката криза во земјата е постигнувањето на договорот меѓу политичките партии, но дека во овој момент е круцијална целосната имплементација на договореното.
Адеми додаде и дека Македонија, а воедно и останатите земји од Западен Балкан треба да бидат дел од политичката мапа на Европската унија бидејќи нивната интеграција е единствена алтернатива за обезбедување на стабилноста и мирот во ЕУ.