СДСМ ќе го тужи министерот Миноски

by fokus

СДСМ денеска најави дека ќе поднесе тужби против министерот за финансии, Кирил Миноски, и против заменик-министерката за правда, Билјана Бришковска, поради незаконско издавање на еврообврзницата.

Според СДСМ, Миноски ја издал обврзницата спротивно на член 18, став 6 од Законот за јавен долг, а Бришковска „неовластено присуствувала на конференциската врска со инвеститорите кога е договорено 450-милионското финансиско злосторство врз граѓаните“.

-Миноски и Бришковска ја злоупотребиле службената должност, незаконски ги задолжија граѓаните на Република Македонија и ќе мора да понесат одговорност. Првиот како одговорен за самото издавање, втората како службено лице кое не било овластено да изврши определено дејство. Еврообврзницата од 450 милиони евра е незаконска и СДСМ ќе продолжи да ја оспорува како законски јавен долг, стои во соопштението на СДСМ.

Од СДСМ најавија тужби и против другите инволвирани учесници, откако ќе бидат разјаснети причините за нивното учество во постапката.

Поврзани новости