395
Еврокомесарот Јоханес Хан од понеделник доаѓа во Македонија за нова средба помеѓу Никола Груевски и Зоран Заев, а потоа и за лидерска средба со лидерите на четирите најголеми македонски партии, пренесува 24 Вести.
Хан ќе дојде заедно со тројцата европратеници Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан, кои и досега беа медијатори во преговорите меѓу Груевски и Заев. На лидерската средба ќе присуствуваат и амбасадорите на САД и ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав.
Од исходот на овие преговори ќе зависи дали излез од политичката криза ќе се бара преку дијалог меѓу партиите или Европската унија ќе мора да испрати специјален претставник во Македонија.