Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан по денешните маратонски средби со лидерската четворка, премиерот Емил Димитриев, граѓанскиот сектор и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, порача дека оваа посета ја остварил за да покаже дека значителниот процес до изборите ЕУ и понатаму будно го следи.
Хан на политичарите им потенцирал дека работата на специјалната обвинителка е од суштинско значење и ги повика да и дадат поддршка.
-Важно е да се почитува работата на СЈО и бев уверуван дека тоа ќе продолжи да си ја врши работата непречено, изјави Хан.
Сепак, еврокомесарот не даде конкретен одговор за барањата на Специјалната јавна обвинителка, иако Катица Јанева на крајот од средбата изјави дека разговарале за продолжување на мандатот на СЈО.
По денешните средби, Хан добил впечаток дека изборите може непречено да се одржат, бидејќи како што рече, видел напредок во Избирачкиот список, во работата на медиумите и на Агенцијата на медиуми.
Според него, престојните предвремени парламентарни избори се многу важни за Македонија и повика на посветеност на новата Влада на европските перспективи на државата.