Три пораки испрати комесарот Јоханес Хан пред неколку минути од Брисел, јави Новатв. Во нив тој бара од Македонија, но и од соседството, да се најде кој е одговорен за настаните во Куманово, да не се воведуваат меѓуетнички тензии и тие настани да не бидат изговор за да не се реши политичката криза.
„Во врска со ПЈРМ имам три пораки:
Прво, сите сме загрижени поради она што се случи во текот на викендот.
Второ бараме од сите кои се вовлечени во ова, партии и актери, да соработуваат за да расветлат што се случило и кој одговорен за тоа. И сите треба да бидат обединети околу ова прашање.
Овој настан, овој напад, не треба да го одврати вниманието од многу сериозната внатрешната политичка ситуација и ние баравме од владата и опозицијата да ја решат и да соработуваат. Ова не смее да биде земено како можност да не се реши фундаменталниот проблем со кој се соочува земјата и осообено овој настан не смее да биде употребен за да се креира поголема комплексност и да се воведуваат меѓуетнички тензии во оваа ситуација. И барам од сите одговорни луѓе во земјата но и од соседството да реагираат со разум, со заедништво на транспарентен начин.
Во моментов не е предвидено да одам во земјата но во мојата работа морам да бидат флексибилен и тоа не е исклучено“, изјави комесарот Хан во Брисел.