Иванов: Дадени се насоки за спречување на ескалирање на тензиите

by Фокус

На денешната средба со американскиот амбсадор Џес Бејли, евроамбасадорот Аиво Орав, шефот на мисијата на ОБСЕ Мариане Берец, шефот на канцеларијата за врски на НАТО Румен Радев и турскиот амбсадор Омур Шолендил, македонскиот претседател изнел информации за вчерашната седница на Советот за безбедност, по настаните во Куманово. Притоа, како што соопштија од претседателскиот кабинет, претседателот Иванов посочил дека се дадени конкретни насоки за соодветно постапување на сите институции на безбедносниот систем, со цел да се спречи евентуално ескалирање на тензиите и дестабилизација на државата.

„Иванов уште еднаш ја истакна потребата за поддршка од меѓународната заедница во интерес на стабилноста на Македонија, како и стабилноста и безбедноста на целиот регион. Тој побара да се вложат максимални напори со цел деблокада на евроатланските интеграции. Последните политички случувања во државата се резултат, покрај другото, и на долготрајната статускво ситуација во однос на евроатлантските интеграции, која остава простор за најразлични обиди за дестабилизација и за разни видови шпекулации. Затоа е потребно итно да се изнајдат начини и да и се овозможи напредок на земјава на планот на евроатлантските интеграции“, стои во соопштението.

Поврзани новости