599
Пофалби за премиерот Зоран Заев за покажаното лидерство во односот со соседите и ставањето настрана на политичките и етничките поделби, напиша еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан по средбата со премиерот Зоран Заев.
„Добра средба со премиерот Зоран Заев во Скопје. Земјата сврте нова страница, отворајќи го патот за нова динамика на реформи за доброто на граѓаните“, напиша Хан на својот Твитер профил.
Тој во продолжение го пофали премиерот Заев за покажаното лидерство со подадената рака кон соседите и ставањето настрана на политичките и етничките поделби
По тет-а-тет средбата со Заев и со делегацијата на Владата, еврокомесарот Хан учествува на тематската седница на која тема се итните реформски приоритети.