Повторно гори депонијата во Струга

by Fokus

Од вчера вечерта повторно се активираше пожарот во депонијата кај Струга. Мештаните сведочат дека денеска веќе можат да се забележат поголеми пламени јазици и чад кои се издигнуваат од локацијата, јавуваат медиумите.

Пред само една недела беше изгаснат големиот пожар кој ја зафати депонијата и кој неколку денови тлееше и го загадуваше воздухот во градот. За да се изгасне беше активирана голема механизација, која ја затрупа целата депонија со земја и со песок.

Граѓаните бараат дислоцирање на депонијата.

Поврзани новости