514
Еврокомесарот за буџет и администрација Јоханес Хан изјави дека Западен Балкан ѝ припаѓа на Европа и напорите на земјите од тој регион ќе бидат наградени.
Еврокомесарот за буџет и администрација Јоханес Хан изјави дека Западен Балкан ѝ припаѓа на Европа и напорите на земјите од тој регион ќе бидат наградени.
Тој за хрватскиот весник „Експрес“ истакна дека интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ претставува процес кој се темели врз заслуги и како таков е во вистински интерес за Унијата.
Тој на „балканските пријатели“ им порача да продолжат со реформите кон европскиот пат, нагласувајќи дека тоа ќе биде признато.
Хан потсети дека минатиот месец ЕУ одлучи да отвори пристапни преговори со Северна Македонија и со Албанија, и покрај кризата поради пандемијата на коронавирусот.
Еврокомесарот додаде и дека ЕУ со репрограмирање на финансиските средства и дополнителните мерки, како што е укинување на забраната за извоз на медицински средства, јасно покажала дека Западен Балкан припаѓа на ЕУ.