443
Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан ги поздрави сите граѓани кои излегле да гласаа на референдумот и го искористиле нивното демократско право.
„Референдум во Македонија: Им честитам на оние граѓани кои гласаа на консултативниот референдум и ја искористија нивната демократска слобода. Со голем број на „за“ гласовите, постои широка поддршка за Договорот од Преспа“, напиша Хан на својот Твитер налог.