Еврокомесарот Јоханес Хан, наредната недела, на 14 октомври ќе ја посети Република Македонија, потврдуваат од Европската комисија.
Во Скопје, според најавите, Хан ќе разговара за организирањето на предверемените парламентарни избори на 11 декември, како и за спроведување на итните реформски приоритети.
„Можеме да потврдиме дека комесарот Хан ќе отпатува во Скопје следниот петок на 14 октомври. За време на посетата, тој ќе се сретне со претставниците на четирите најголеми политички партии во земјата, со специјалниот обвинител и со претставници на граѓанското општество. Разговорите ќе бидат за состојбите во земјата, особено за организацијата на изборите во декември, како и за спроведувањето на реформските приоритети“, вели портпаролката на Комисијата, Маја Коцијанчич