Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан синоќа му порачал на шефот на македонската дипломатија Никола Попоски дека ако се спроведат приоритетите и изборите во април на најдобар начин, Еврокомисијата и земјите-членки на Европската унија ќе дадат силна поддршка за отпочнување на преговорите за членство на Македонија во ЕУ.
Хан и Попоски синоќа, како што јавува дописникот на МИА, разговарале за развојот на настаните во Македонија, како и за спроведувањето на приоритетните мерки и претстојните избори во Македонија во април идната година.
Македонскиот шеф на дипломатијата додаде дека приоритетите што се и услов за препораката на ЕК за Македонија, дека земјата е на добар пат да ги реализира и во овој момент сите очи се насочени кон реализацијата на успешни избори во април следната година, по што, според Попоски, веројатно и изгледите за добивање на силна поддршка од земјите-членки на ЕУ за почеток на преговорите ќе бидат многу.